Хумористични улични фотографии од Франција во 1950-тите

Во 1950-тите и 1960-тите, уличната фотографија беше во своите зачетоци како уметничка форма. Рене Малтете беше еден од оние што ја помогнаа таквата форма, благодарение на своите хумористични сцени.

Во 1951, кога имал 21 година, Малтете се преселил во Париз и некоја година подоцна купил Semflex 6×6 фотоапарат, со надеж да гради сериозна фотографска кариера. Сепак, неговиот пробив ќе се случи со далеку од сериозна фото-серија. Ќе стане познат по своите фотографии во кои налетува на иронично-хумористични сцени на улиците и уличниот живот, со што ќе покаже дека најсмешните нешта некогаш се случуваат само заради добар тајминг.

Рене Малтете почина во 2000-та година, но неговите дела продолжуваат да се ценети и публикувани. Во продолжение некои од најдобрите.

- Реклама -