Хумор, секс и уште нешто

Прашале двајца љубовници на кој начин се грижат и се обидуваат да ја задржат страста меѓу себе. Таа одговорила: „Со хумор”, тој рекол: „Со секс …”

Ако се обратиме за објаснување кон биологијата, ќе сфатиме дека хуморот, базирајќи се на новото и неочекуваното, го зголемува нивото на допамин во мозокот. Од своја страна, сексот се асоцира со повисоки нивоа на тестостерон, што преку верижна реакција може да го качи повторно допаминот во мозокот.

Ако се ова основните состојки за рецептот, за уште подобар вкус можеме да додадеме уште неколку.

Да слушаме активно.
Да прашуваме.
Да одговориме чесно.
Да се ​​посветиме сериозно.
Да го цениме партнерот великодушно, и тоа секој ден.
Да бидеме атрактивни.
Да не престануваме да растеме.
Да го/ја вклучуваме во нашите планови.
Да му ја дадеме некогаш неопходната осаменост.
Да сме искрени и доверливи.
Да го кажеме она што ни треба, наместо да градиме очекувања.
Да го/ја прифатиме.
Да не сакаме да го промениме.
Да го негуваме своето чувство за хумор.
Да сме автентични.
Да го почитуваме.
Да кажеме „не” на неверството.
Да спориме конструктивно.
Да го/ја  задржиме заинтересиран/а.
Да го заборавиме минатото.
Да оставиме простор за другиот.
Да го/ја сакаме нежно.
Да се ​​отвориме за другиот – целите.
Да градиме грижлива врска секој ден.
Да не престануваме да си играме заедно.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -