Бугарската телевизија NOVA тепала пат до Скопје за да известува за загрозените региони, а и да го праша Груевски како ја оценува организацијата. Од Груевски добија само едно „Ќе ви одговорам подоцна“, ама среќа што ова е Македонија, па не ја мкнеле камерата за џабе.
Нивниот камерман успеа да го сними библискиот потоп за кој толку се зборува, ама овој пат тоа беше потопот на душите, и тоа на тие на хуманитарците. Кога во сценскиот настап се провлече мал упс (на 0:54 во видеото) во форма на млад револтиран човек што го праша бившиот ни премиер со кое лице парадира пред камери кога луѓето три дена се оставени сами на себе, еден од придружбата на месијата реши дека тоа е прав момент да го искористи маалското „што си го пцуел брат ми“ за да го зачука неблагодарникот со боксови и да го испрати кај што му е местото… зад камерите.
Сега момаков ќе има можност да си поседи на поплавениот кауч во дворот и да се освести, што фактички значи дека му е помогнато. Тоа го знаеја и Груевски и тие околу него, па затоа не мрднаа со мал прст.