Хуманиот дуалитет низ објективот на Грег Милер
Фотографот, Грег Милер во последниот фото есеј, успева низ визуелен приказ да илустрира социолошка приказна за меѓучовечките односи на карневалите. Делата содржат длабока анализа на хуманото во општествениот контекст, пропратенo со меланхолија и отуѓување. На ваков начин Милер, носи нова драма во фото изразот укажувајќи на интеракција во несекојдневно опкружување. Фокусот на неговите дела е однесување на селски пазар, како индикатор за надворешната акција на луѓето.