HTC Zara ќе има и мини верзија

HTC продолжува со најавата за планираните смартфони во 2013-та а, најнов во низата е HTC Z3 или популарно наречен HTC Zara mini. Ова е уште еден смартфон на компанијата во понудата од ниската класа кој ќе има достапна цена и солидни компоненти.

HTC Zara mini ќе има екран со помала големина од 4.3 инчи со стандардна резолуција, дво-јадрен процесор, 512 MB RAM и 8 GB вградена меморија заедно со слот за microSD картичка. За разлика од него целосната верзија, односно HTC Zara ќе има екран со големина од 4.5 инчи и нешто поквалитетни спецификации.

1

Главната камера ќе има просечни 5 мегапиксели, додека предната за видео повици ќе има 2 мегапиксели. HTC Zara mini ќе работи на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean, а со оглед на тоа што има уште два месеци до неговата промоција можно е да биде искористен најавениот кориснички интерфејс HTC Sense 6.0.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -