HTC One под чекан и нож (видео)

По тестот кој го помина Galaxy S4, сега на ред е да ја погледнеме издржливоста на HTC One од гребнатини со клуч, нож и удар од чекан. Резултатите нема да ви ги откриеме, па затоа ќе треба да го погледнете видеото со интересниот исход од ситуацијата на HTC One.

Тајванците се обидоа оваа година да го претркаат Samsung со тоа што го претставија HTC One еден месец пред апсолутниот хит Samsung Galaxy S IV, но проблемите во производството за HTC ќе донесат речиси идентичен старт, со што оваа година ќе имаме крајно неизвесна трка до самиот крај. Од врвните производители HTC прв лансираше мобилен телефон со Full HD екран, но се одлучи водечката улога да му ја препушти на HTC One, наместо на Droid DNA или познат како Butterflly, па да видиме дали HTC направи паметен потег.

Отпорноста и извонредноста на еден од најдобрите телефони на Android на сите времиња видете ја овде:

[youtube]http://youtu.be/VVNI9Kflqw4[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -