One серијата на HTC која го вклучува минатогодишниот M7 и овогодинешниот M8, ужива успех кај еден дел од корисниците, но од други беше предмет на многу критики. Тајванската компанија обично доцни со вклучување на најновото од технологијата од своите предводници и тоа не им се допаѓа на фановите на марката.
По се ‘изгледа дека HTC планира да воведе големи прoмeни во следниот One – M9 (логично е тоа да е неговото име, освен ако компанијата не одлучи да започне сосема нова серија на уреди). Според гласините, новиот предводник ќе биде со 5,5-инчен екран со 2K резолуција од 2560 x 1440 пиксели.
Смартфонот ќе е има quad Snapdragon 805 на Qualcomm. Промена има и оперативната меморија, која ќе изнесува 3GB, наместо 2, како што беше во M8. Се шпекулира дека камерата ќе биде 16-мегапикселна со оптичка стабилизација, а батеријата ќе е 3.500 mAh.
Се тврди дека HTC се здружил со гигантите Bose, што значи дека компанијата ќе се фокусира на медиата. M9 ќе биде со оперативен систем Android 5.0 Lollipop што едвај ќе изненади некого. Се претпоставува дека новиот уред може да биде со поприфатлива цена.