Успешната хрватска манекенка и некогашна мисица Александра Грдиќ, по неколку години шпекулирања, јавно проговори за обвинувањата за поврзаноста со елитната проституција.
– За тоа толку многу се зборува, а јас можам да кажам дека сето тоа станува бајка. Како што се зборува до сега би имала 20 замоци, 50 ферариња, три хотели и не би седела тука, туку би била на Малдивите- рекла Александра за медиумите.
Александра коментираше за светот на моделството дека не е толку сјаен како што повеќемината мислат.
– Moже да се каже дека многу луѓе ме разочараа, тоа е толку лицемерно. Се е некако лажно кај нас, наводно сите се супер, а всушност никој не се сака, ретко кој се шегува- признава триесетгодишната убавица.
Признава дека сака да се дружи со момци, бидејќи постојат многу заеднички интереси кои ги дели со нив.
– Се дружам со момците затоа што го обожавам спортот, обожавам фудбал и кладилници, сакам добри автомобили, но не кога други ги возат, него кога јас ги возам. Дали момците биле непријатни кон мене? Па имало и такви, има и такви без култура, ни обзир, па знаат да направат сешто, не да кажат, туку да имаат глупав испад- се пожали поранешната мисица.