Малата вљубеничка во животни – Габи, неодамна почнала да храни чавки на прозорецот од својот дом. За многу кратко време се случило нешто многу необично.
Милостивоста и грижата на девојчето не останале забележани. Многу набрзо, чавките почнале да ја изразуваат својата благодарност, носејќи и подароци.
Звучи како бајка, ама не е. Габи сега има цела колекција од обетки (неспарени, се разбира), копчиња, привезоци, завртки, навртки, спојувалки, желевца, камчиња, па дури и мали сијалички.
Габи ги храни птиците со кикиритки, храна за кучиња и разни други остатоци од храна. Вели дека не го прави тоа заради материјалните подароци, туку затоа што сака да ја гледа и ужива во природата.
Којзнае, можеби еден ден чавките ќе ги здружат силите и ќе и донесат нешто навистина вредно – нов автомобил, можеби?