Пуканките се универзална храна во кината ширум светот, но во некои држави во киносалите се сервираат и чудни искушенија.
Москва – Кавијар и шампањ
Киното Романов во Москва е луксузно место во кое може да изберете полн ручек или вечера од ресторанот на киното и да ги подигнете во самиот салон за време на филмот. Во ВИП ложата бсе јаде кавијар и се пие шампањ.
Индија – Самосас
Гледајте боливудски филм и јадете самосас во Индија. Тоа се пржени грутки со различен фил, најчесто компири и грашок. Самосас се нуди и во некои тематски Боливудски кина во САД.
Колумбија – сушени мравки
Заборавете на пуканките. Во Колумбија може да нарачате крцкави, сушени мравки.
Кореја – сушена сепија
Тука наместо кесички чипс се продаваат кесички со исушена сепија.
Јапонија – иуаши сенбеј
Тоа се мали сушени сардини, кои се многу популарни. Испечени се во соја сос и се посеани со сусам, а се јадат цели.
Хонг Конг – риба со кари
Друга опција се кнедли со ракчиња или свинско месо.
Финска – микс од бонбони
Во Финска клиентите на кината си избираат микс од разнобојни бонбони. Цената е околу 1,35 евра за грам.