Луксуз за Вага, поглед на море за Риби…
И колку ѕвездички треба да има вашиот хотел е прашањето на кое одговор ќе добиете ако дознаете нешто повеќе за вашиот хороскопски знак.
Астролозите се длабоко уверени дека знакот во кој сте родени влијае на вашиот карактер. На секој хороскопски знак им се припишуваат одредени особини. За Вагите се тврди дека имаат изразена потреба за хармонија, Лавовите се екстровертни и темпераментни, а Раковите сензибилни и мирни. Согласно тоа сосема е логично да се разликува и нивната претстава за годишниот одмор. На Раковите никако не им одговараат бесони ноќи на некои од летувалиштата на Ибица, Лавовите сигурно ќе се досадуваат на осамените брегови на Тајланд, додека Вагата не може да го замисли годишниот одмор без шопинг и посета на културни знаменитости. Ако им се верува на астролозите, за секој хороскопски знак постои идеално место за одмор.
Овен
Родените во овој знак се динамични и полни со енергија па сакаат и активен годишен одмор. Неуморните овни во текот на ноќта можат да ги поминат сите барови и клубови во потрага по познати личности, а преку денот да се опуштаат во јакузи на терасата на покривот и да уживаат во погледот на Холивуд.
Бик
Биковите се изразито осетливи особи, на кои мирот и опуштањето им се исклучиво важни. Одморалиштата и спа центрите со неколку видови сауни и базени со термални води се вистинското решение за нив. Освен тоа, биковите познати како големи гурмани можат да уживаат во специјалитетите на најразличните национални кујни.
Близнаци
Полни се со идеи и потребни им се промени. За овие радозналци прошетка низ Санкт Петербург е прав избор. Сакаат блескавост, убави градби и плоштади. Воопшто сè што има гламур и блеска е правото решение за родените во овој знак. А секако, таквите хотели се обично и скапи.
Рак
Сензибилните ракови ја презираат гужвата и најмногу сакаат романтичен одмор за двајца, но уживаат и во културните споменици. Сакаат соби во кои владее топла атмосфера, сакаат базени и мали велнес центри. Секогаш се расположени за посета на музеи и се она што спаѓа во културни вредности на градот или регионот во кој летуваат или зимуваат. Сакаат интимна атмосфера и не сакаат футуристички соджини.
Лав
Типичните претставници на овој знак сакаат да бидат центар на внимание и бараат луксуз. “Metropolitan Palace” во Дубаи им овозможува да уживаат во сите благодети кои ги нуди престојот таму. Сакаат скапи пазари. Колку е понудата подобра и поголема тие толку повеќе уживаат, а посебно се склони кон блескавата жолта боја и жолтиот накит.
Девица
Девиците водат премногу грижа за здравјето, па затоа на годишниот одмор најмногу им придаваат значење на велнесот и опуштањете. Сакаат вода и капење, сакаат широки песочни плажи на кои нема премногу гужва. Не се заробеници на луксузот, но ако нешто им се допаѓа тогаш се спремни да платат без оглед на цената.
Вага
Најважна за нив е хармонијата. Припадниците на овој знак се големи љубители на уметноста и културата, па затоа за нив идеален одмор е оној кој ги обединува забавата и опуштањето. Сакаат хотелот да им е блиску до луксузните места и ресторани и секогаш се расположени за прошетка и откривање на нови содржини.
Скорпија
Обожава се што отстапува од вообичаените предели или возбудливите метрополи. Необичните угостителските објекти, на пример во Индија, кои имаат огромни градини и базени, се вистински рај за Шкорпиите. Склони се кон додатни и неочекувани возбудувања.
Стрелец
Припадниците на овој хороскопски знак секогаш копнеат за откривање на нешто ново, а најмногу ги привлекуваат егзотичните дестинации и непознатата култура. Многу се минуциозни, внимателни гости и набљудувачи. Го регистрираат секое отстапување од програмата или она што го платиле и што е предвидено.
Јарец
Јарците не се многу дружељубиви кога станува збор за одмор и сакаат помали места опкружени со природни пространства. Затоа за нив вистинскиот избор е, на пример живописниот швајцарски град Луцерн, каде ќе уживаат во архитектурата или прекрасниот поглед на планините.
Водолија
Водолиите се екстравагантни и неконвенционални, па сакаат необични хотели кои ветуваат нови искуства. За нив идеални се хотелите со поглед на стари делови од градот, дворци или палати кои претставуваат идеален спој на луксузниот дизајн и спрецифичниот концепт. Сакаат концерти и изложби.
Риби
Луѓето родени во знакот на Риби се сензибилни и на годишен одмор сакаат мир и опуштање. За нив излетот од соништата подразбира близина на морето и романтичен залез на сонцето. Луксузните хотелски базени со поглед на море само ќе допринесат Рибите повеќе да уживаат. Се што има врска со водата и капење навистина им годи на овој хороскопски знак.