За само неколку дена публиката ќе го изглсаса победникот на првата сезона на „Пинкови ѕвездички“.
Финалето е закажано за 4-ти јули, а поседните денови пред финалето младите финалисти ѕвездички ги поминуваат во карантин Аранѓеловац.
Престижниот хотел „Извор“ со пет ѕвезди беше домаќин за време на викендот десетте финалисти на „Пинкови ѕвездички“, па на едно место беше концентрирана неверојатно добра енергија.
Децата уживаа во опуштената атмосфера и дружење пред финалето, а секој слободен момент го искористија за повеќе време да поминат во базенот.
Но, бидејќи станува збор за музички натпревар, вечерта не може да заврши без песна и добра музика, па „ѕвездичките“ направија и мини концерт.
Финалната емисија на „Пинкови ѕвездички“ ќе се емитува во сабота (4 јули), и тогаш ќе дознаеме кој ќе биде победникот на ова шоу.