Хороскопските знаци и сексуалната апстиненција

„Сушни периоди“ имаат сите, како самците, така и луѓето во брак и врска. Тоа се моментите кога сфаќаме колку сме зависни и колку ни е сексот потребен. Секој различно се справува со „кризата“ – некои можат долго да апстинираат без последица по психичкото здравје, а некои сосема го менуваат однесувањето и речиси патат ако не ги задоволат своите сексуални потреби.

 

ОВЕН – НАПАСТ

Страстниот и незаситен Овен е голем зависник. Тешко ги поднесува паузите и станува иритантен и нервозен. Еротските списанија (ако уште постои некој што ги чита) и порно-филмовите само му го зголемуваат апетитот. Кога ќе ја изгуби самоконтролата, станува вистинска напаст, а во настапот нема ни тронка тактичност, а камо ли романтика. Без никаков вовед ќе и даде на знаење на потенцијалната партнерка дека го интересира исклучиво физички контакт.

 

БИК – ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

Биковите се притаени ловци. Кулминацијата на сексуалната страст секогаш доаѓа со постепено загревање на емоциите. Сепак, долгите паузи можат да го доведат до очај, кој на секој начин ќе проба да го скрие од другите. Бикот гладен за секс е склон да ја пополнува празнината со повеќе храна, но нема долго да чека пред да се впушти во освојување на спротивниот пол, при што никако нема да покаже дека е „во криза“, туку ќе биде стрплив и ќе дозволи страста да го надвладее дури кога ќе го однесе партнерот во кревет.

o-FLIRTING-facebook[1]

БЛИЗНАЦИ – УЗБУНА, УЗБУНА!

Тие се склони да менуваат партнери штом се заситат од врската. Апстиненцијата ги дезориентира, па тешко се фокусираат на секојдневните обврски. Се обидуваат да најдат жртва на најбрз можен начин, па често знаат и да се досадни и напорни. Немаат трпение за бавно освојување, па користат секакви расположливи трикови и средства – добро глумат и ветуваат долги врски и љубов. По сексот – кон нови авантури и убедувања.

 

РАК – ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ. АМА НЕ СЕКОГАШ

Тие се романтични и еротични, па немаат силна потреба за секс. Порадо ќе самуваат отколку да се впуштат во врска со било кој само за да ја задоволат потребата. Чувствата се најважни, па долго ќе ја чекаат вистинската личност. Долгата апстиненција може да резултира со разочарување, депресија и повлеченост, па и крајности – да го изгуби интересот за секс и да се помири со улогата на осаменик и несреќник.

sex_trafficking[1]

ЛАВ – НИКОГАШ НЕ АПСТИНИРА

Барем така говори неговиот израз. Гладниот Лав мисли на секс 24/7. Иако вистински ужива во љубовната игра, сексот му треба како доказ за сопствената вредност. Обожува да се фали со трофеи и да се појавува со што повеќе партнери. Затоа, апстиненцијата ја крие „како змија нозете“, а имиџот на голем љубовник е приоритет. За време на криза, станува нервозен и склон кон кавги и расправии. Вниманието на спротивниот пол го привлекува со фалење и истакнување на своите љубовни вештини, и ветувања за незаборавни интимни моменти.

 

ДЕВИЦА – ДА НЕ ЈА ОСТАВИШ НЕПИПНАТА

Делува студено и одмерено и се чини дека не и е многу грижа за сексот. Но, се работи за незаситна личност со голема потреба од нежност и галење, па апстиненцијата и паѓа прилично тешко. Без секс, Девицата е опасна по околината, што е видливо по нервозата и изливите на бес. Недостигот од секс го компензира со повеќе работа. Ако не добива доволно секс во бракот, лесно ќе се „олади“ и ќе се одлучи на таен живот со љубовник. Сексот е поважен од емотивната блискост.

asjhgsa

ВАГА – ТЕШКО ПРЕКУ СУШАТА

Зависници, но не од секс, туку од љубов. Лошото – често ги мешаат овие два поима. Ако походот инстантно не вроди со плод, преоѓаат на друга жртва. Не се склони кон пасивност и помирување со состојбите, па не можат долго да издржат самотија и апстиненција од секс. Некогаш и претеруваат, па стануваат и промискуитетни. Вечни заводници во душа, па во „шарената храна“ наоѓаат потврда дека вредат.

 

ШКОРПИЈА – „МИЛОМ ИЛИ СИЛОМ“

Страствената природа мора да и биде задоволена, ем често, ем многу. Во спротивно, може да следи губење на самоконтролата и да стане насилна и нападна. Ако е премногу возбудена, ќе му пријде на потенцијалниот партнер директно и не отстапува додека другиот не потклекне. Загрозените Шкорпии, го решаваат проблемот, макар и тоа да значи дека треба да платат за услугата.

Angry-Girl[1]

 

СТЕЛЕЦ – НЕМА СЕКС, ИМА СПОРТ

Темперамент и желба за секс на сите начини. Лесно ќе влета во сексуална авнтура и ќе ужива во туѓото тело за една ноќ, но искуството не трае долго. Апстиненцијата добро ја поднесува, а сексуалната енергија ја исфрла преку спорт и забава. Не крие дека поминува низ „суша“, дури се шегува на своја сметка, што пак ги освојува симпатиите на луѓето во околината. Спонтан е и секогаш ја има контролата, што е неговиот рецепт за освојување.

 

ЈАРЕЦ – МОЖЕ И СО ГОДИНИ

Страствен, но со врвна самоконтрола, и покрај тоа што сексуалната енергија извира од сите негови пори. Сепак, доста пребирлив. Апстиненцијата ја поднесува најдобро од сите знаци, а може така и со месеци, па и години, без притоа да се забележи по неговото однесување. Компензира со самозадоволување.

sex doll funny

ВОДОЛИЈА – БИТНО ИМА ЖУРКА

Слободоумна и оригинална, Водолијата ја пополнува празнината преку забава со пријателите или некое хоби, мирно чекајќи го поволниот момент да се впушти во врска или однос. Може да апстинира долго и без последици, а отворено го признава тоа, сметајќи го за сосема нормално и природно. Не е насилна, ниту нетрпелива. Лесниот плен не е предизвик, само саканиот вреди да биде освоен.

 

РИБИ – ВО ПАНИКА ПО СРОДНА ДУША

Романтични и емотивни, тие не го разликуваат сексот од љубовта и секогаш се заљубени во сексуалниот партнер. Не се зависници од секс, ама имаат потреба да бидат сакани. „Сушата“ ја поминуваат во панична потрага по сродна душа и не бираат средства за да ја одведат во креветот. При освојувањето се упорни, малку и напорни, ама поради шармот, често и успешни.

- Реклама -