Хороскопските знаци кога би можеле да се вратат назад во времето

horoscope-gallery-taurus

Стрелец

Полетниот Стрелец ако би имал можност да се врати назад во времето, би променил многу работи, а како прво уште како млад би почнал да се занимава со свој сопствен бизнис. На време би почнал да ги штеди парите, но и нервите. Како и Вагата, не би избегнувал конфликти и потоа да се кае зошто некои работи отворено не ги кажал.

Јарец

Кога строгиот Јарец би имал можност да се врати назад во времето, како прво би се ослободил од сопствениот комплекс на пониска вредност кој го имал уште од детството. Мотивацијата за добра кариера би ја црпел од сопствените вредности, а не од комплексите. Би се ослободил од влијанието на таткото и би бил многу поотворен во искажувањето на емоциите.

Водолија

Доколку ексцентричната Водолија би имала можност да ги врати стрелките на часовникот наназад, би сфатила колку требала да биде пореална на работното место. Не би се борела со сите за на крај да го извлече подебелиот крај. Во љубовта би била прилагодлива и подготвена да жртвува повеќе од слободното време за личноста која ја сака. Повеќе време би поминувала со семејството, одошто по кафулиња, ресторани и забави.

Риби

Кога Рибите би имале можност да го вратат назад времето, би сакале да бидат повеликодушни, посигурни во себе и посмирени. Во потрагата по саканата личност, не би биле толку перфекционистички настроени и не би ги барале најситните маани на саканата личност за да можат да ја остават. Би се обиделе да не летаат премногу во сопствените соништа.

- Реклама -