Хороскопските знаци кога би можеле да се вратат назад во времето

time-machine-blog-image

Лав

Кога би можел да се врати во минатото и од корен да ги уништи своите стравови од хронични болки и слабости, би бил многу позадоволен со сопствениот живот. Би открил како да ги контролира своите его и суета кои многупати му наштетиле и би имал подобар однос со другите. Би сфатил дека не е слабост да се покажат емоциите пред другите луѓе.

Девица

Ако Девицата некогаш би имала можност да се врати назад во времето, тогаш би поправила неколку ситни детали во својот живот – би купила брод, би запловила на море и не би се грижела за ништо, мирно би седела на плажа и би испила неколку лименки пиво.

Вага

Емотивната и воздржана Вага подобро би го организирала сопствениот живот така што, помалку би страдала поради љубовта, а повеќе време би посветила на сопствената кариера. На работа би била поодлучна и поодговорна. Не би избегнувала конфликти и секому би го кажала своето мислење.

Скорпија

Кога Скорпијата би можела да го врати времето назад кога била лудо заљубена, би сфатила дека љубомората е бесполезно трошење на енергијата. Помалку би се нервирала за другите, би се обидела да не биде преголем егоист во љубовта и би посветила повеќе време на другите. Скорпијата би ги развивала своите таленти и би се занимавала со уметност.

- Реклама -