Хороскоп: Откријте на кои СМС пораки „паѓа“ секој знак

Иако писмото во поштенското сандаче и мирисот на мастило на хартија не може да ја замени ниту една порака од модерната технологија, новиот начин на комуникација, а со тоа и заведување стана неверојатно популарен.

Но, иако испраќањето пораки на мобилниот телефон или социјалните мрежи може да биде многу забавно, романтично и секси, не сите се добри во заведување и опишување на чувствата. Побарајте го хороскопскиот знак на саканата личност и откријте како да ја заведете.

Овен

Иако Овните се големи заводници кои сакаат флерт лице во лице, ни пораките не им се непознати. Тие ќе најдат песна која ги опушува нивните емоции или ќе цитираат некој поет, што е сосема доволно да ве освои.

Бик

Романтичните Бикови сакаат да си играат и забавуваат со љубовните пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци и слики кои ги опишуваат нивните емоции. Го сакаат романтичното допишување исполнето со топли зборови.

Близнаци

Тие се мајстори на вербалното заведување па пораките дефинитивно им одат во пресрет. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат срцето на лицето за кои се наменети, а ако сакаат да бидат духовити добро и ќе ги насмеат.

Рак

Раковите обожаваат да ги изразуваат своите чувства преку зборови па допишувањето на некој начин им е хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишувани туку осмислени и внимателни избрани за одредена личност.

Лав

Лавовите претпочитаат да зборуваат и покажат отколку да пишуваат. За нив пораките се нужно зло и не сакаат допишување, но кога би пишувале би била една мудра и внимателно избрана порака која на кратко и слатко би ја опишала нивната моментална емоционална состојба.

Девица

Зошто да го губите драгоценото време на допишување кога сето тоа можете да го направите во „четири очи“? Ова е мотото на Девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потрудат да испратат порака, тоа ќе бидат неколку насочени пораки, а ако не се заинтересирани ќе се прават дека не ја ни виделе пораката.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Вага

Љубопитните и внимателните Ваги уживаат во осмислување и праќање на пораки, и заведувањето преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои можат да бидата двосмислени и на тој начин да ја интригираат личноста за која се наменети.

Скорпија

Интригите се нивната страст што значи дека допишувањето многу ги привлекува. Мистериозните Скорпии сакаат да си играат со зборовите, а најмногу од сè ги привлекува „провокација“ и заведување со пораки кои имаат двосмислено значење.

Стрелец

Духовитите Стрелци сакаат да филозофираат, а со тоа нивните пораки се многу богати и интересни. Тие паѓаат на мистериозно и малку нецелосно допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.

Јарец

Романтичен и желен за нежност, Јарецот обожава да заведува преку пораки. Тие уживаат во читање на убави зборови упатени кон нив, но исто така, кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено за нивните чувства и на саканата личност да им ја отворат душата.

Водолија

Водолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си „играат“ со романтични зборови туку со духовити и умни пораки, особено оние на кои речиси е невозможно да се одговори. Тие ја сакаат технологијата и уживаат во праќање на слики и песни.

Риби

Рибите обожаваат пораки и допишување и токму тој е начинот на кој сакаат да бидат заведени и да заведат. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога да напишат, но еднакво се слаби на зборови кои им се подарени на нив.

- Реклама -