Хорор свадбено изненадување!

За многумина венчањето е синоним за розите, гулабите или панделките, но не и за една млада брачна двојка која на својата свадба им приредила вистински хорор на гостите.

Имено, станува збор за необична, морбидна свадбена торта, која верувале или не била замислена и реализирана од самата невеста. 28-годишната Натали Сајдсерф, која работи како слаткарка и има сопствено студио за слатки, имала необична идеја со која ја направила нејзината венчавка неповторлива.

Натали и нејзиниот сопруг Дејв се љубители на хорор филмовите, па таа сметала дека ќе биде оригинлно доколку креира торта која кај присутните ќе предизвика повеќе чувство на гадост отколку на воодушевување.

Верувале или не, но таа направила торта во облик на нејзината и главата на нејзиниот новопечен сопруг, отсечени и облеани во крв. За идејата знаел само Дејв, кој како што таа изјавила, сметал дека е одлична, а за сите останати била изненадување. Сепак, според зборовите на Натали, откако им поминал шокот, на сите им се допаднала.

Погледнете ја самите и заклучете дали навистина гостите сметале дека оваа свадбена торта е кул, или само ја заобиколиле вистината.

605144915527bb0d2aadf8689226289_640x480 1120082817527bb0d868bac945047670_v4_big 1702103821527bb0dd4aceb095978995_v4_big 1709387825527bb0e273bd2441887748_v4_bigsevered-heads-wedding-cake

 

- Реклама -