Хонг Конг удрен од 13000 громови во еден час

ГромНа 14 септември, во првиот час по полноќ, Хонг Конг го зафатило невреме, во чиј тек градот бил удрен од 13 илјади громови за само еден час. Ова е најмногу откако почнало да се води ваква статистика во 2005 година.

На 14 септември, во првиот час по полноќ, Хонг Конг го зафатило невреме, во чиј тек градот бил удрен од 13 илјади громови за само еден час. Ова е најмногу откако почнало да се води ваква статистика во 2005 година.

ГромОпсерваторијата на Хонг Конг пријави дека на 14 септември, градот бил погоден од електрични празнења точно 13102 пати, во текот на само еден час. Додека се одвивало невремето, настанале масовни поплави, многу луѓе останале заглавени во лифтовите од огромните згради, но најстрашни биле интензивните атмосферски електрични празнења што беснееле цел час. Бурата траела од 9 часот вечерта, до 4 часот утрото. За среќа, населението било на време предупредено, па така немало многу повредени, и покрај тоа што имало ветришта со брзини над 100 километри на час, а дождот паѓал со брзина од 40 милиметри на метар квадратен во еден час.

Ваквото време се поврзува со тропската бура Меранти што се движи на север по Јужното Кинеско Море, а она што го снајде Хонг Конг е само предвесник на она што допрва следува. [Hong Kong hit by Record 13,000 Lightning Strikes in 1 hour]

- Реклама -