Honda се подготвува за лансирање на водородниот автомобил FCV, а различни извори на информации тврдат дека може да видиме и нови верзии на автомобилот со друг погон.
Според некои медиуми кои се повикуваат на извори блиски на компанијата јапонскиот еко-автомобил може да се нуди наскоро и како хибрид и целосно електричен модел. Се проценува дека компанијата работи на проект и двете машини да се подготвени до 2018 година.
Иако техничките детали во овој момент се минимални, најверојатно двете опции ќе нудат доста голема километража со едно полнење, која можеби ќе надминува 700 километри.