Меријем Узерли, која нашата публика ја запозна како Хурем во „Сулејман величенствениот“ има големи шанси да оствари холивудска кариера. Филмските агенти од САД се заинтересирани за турската глумица која ја нарекуваат двојничка на Кејт Винслет и Дру Баримор.
„Поласкана сум и среќна што ме приметиле и надвор од Турција“ изјавила Меријем.
Глумицата открила дека е многу упорна и дека нема да се откаже од светската кариера, а на патот до тоа остварување нејзина пречка нема да биде јазичната бариера бидејќи таа совршено го владее англискиот јазик.
На телевизиската ѕвезда и ласкаат споредбите со познатите холивудски глумици, кои на некој начин и ги отворија вратите кон Холивуд.
„Двете ми се драги, особено Кејт. Не би се бунела доколку еден ден би можела да соработувам со неа и можеби и да освојам и Оскар, како што освои и таа“, додала Хурем.