Во „Прометеј“, актерот Гај Пирс, кој има 44 години, се трансформира во старец. Трансформацијата е доста неуспешна, освен ако Ридли Скот знае дека во иднината на овој актер ќе му се случи нешто страшно…
Се поставува прашањето – колку често актерите биле правилно „остарени“ во филмските дела? Тоа можеме да го провериме со оние актери кои ја имале привилегијата да ѕирнат во својата иднина преку специјалните ефекти, а денес ја достигнале приближната старост и во вистинскиот свет.