Холивуд ми покажа дека сцената е мојот дом

Тинејџерката од Сплит, која се занимава со пеење, глума и танцување, веќе успеа да ги убеди Александра, Жељко, Масимо и Тончи дека заслужува да биде во шоуто.

Антонија Плеско (16) го воодушеви жирито на „X Factor“ до песна на Арета Френклин „Natural woman“ во третата епизода на популарниот музички натпревар. Oваа, несомнено талентирана тинејџерка е родена во Сплит, а покрај пеењето неа ја привлекува глумата и танцот. Веќе играла во мјузикл, а стигнала до Холивуд, каде дознала некои нови трикови за работата на јавната сцена.

– Во градскиот театар за млади играв во многу мјузикли, а во Америка снимав две ипол епизоди за нова музичка серија „Rhythm Village“. Таму подобри се условите, луѓето се осмелуваат да работат со нови млади луѓе, а кај нас, за жал, мора некого да знаете или да имате врски и пари за да успеете- вели Антонија.

Како што раскажува, од татко ѝ го наследила талентот за музика, а примери ѝ се Жељко Јоксимовиќ и Нина Бадриќ. Со оглед на тоа Жељко е еден од членовите на жирито кој одлучи дека таа треба да остане во „X Factor“.

На Антонија, како што вели, сега ѝ е важно добро да се покаже во понатамошниот дел од натпреварот, но би сакала и да најде момче кое ќе ја поддржи во кариерата, бидејќи моментално не е заљубена.

- Реклама -