Холивуд и Боливуд, низ бројки

936522-10810-rev-chennai[1]

Боливуд е базиран во Мумбаи во Индија, и е една од најголемите филмски индустрии на планетава – во смисла на број на вработени и број на филмови што се снимаат на годишно ниво.

За разлика од Холивуд, Боливуд не постои како физичка локација (нема конкретно филмско студио), а притоа е само дел од индиската киноиндустрија, од која зафаќа „само“ 43% – останатиот дел им припаѓа на други филмски индустрии, како Телугу, Тамил и други.

Ако пак го разгледуваме бројот на продадени билети на годишно ниво, за боливудските филмови се продаваат 4 милијарди билети годишно. Во Холивуд таа бројка е 3 милијарди билети. По индивидуалната продажба на билети, пак, Боливуд е број 1 филмска индустрија на планетата, иако Холивуд останува на врвот кога зборуваме за годишна заработка.

Холивуд снима во просек по 500 филмови годишно, и има светска публика од 2.6 милијарди гледачи. Боливуд прави по повеќе од 1000 филмови годишно, и има глобална публика од 3 милијарди – во смисла на гледаност, Боливуд е на прво место во светот. И расте…

- Реклама -