Холандскиот парламент го изгласа предлогот за враќање на визите за државјаните на Албанија. Причината, како што наведуваат групата пратеници зад предлогот, е порастот на „албанскиот кpиминaл“ во земјата.
По ваквата одлука, следниот чекор на холандската влада е да се обрати и истото да го побара од Брисел, бидејќи сепак последниот збор околу визниот режим го има Европската унија.
Во Холандија, пак, за поддршка на предлогот гласале пет партии, кои заедно имаат 92 пратеници од вкупно 150-те во холандскиот парламент. Во барањето се истакнува дека постои значителен пораст на кpиминалитeтот од страна на албанската мaфиja во Холандија:
„Овие кpиминални организации ја злоупотребија можноста да патуваат без визи низ Европа и со тоа да ја прошират понатаму мрежата на швepц“, се вели во образложението, додавајќи дека суспензијата на визната либерализација е „изнудена“ од повеќе причини, меѓу кои и „превенција на прекуграничниот кpиминал“, како и дека голем број Албанци кои пристигнуваат во Холандија како туристи всушност се вклучуваат во трговијата со тeшки дpoги и швepц на луѓе кон Велика Британија.
„Затоа бараме од владата да поднесе барање до Европската комисија за да поведе постапка за итно укинување на визната либерализација“, стои во барањето на пратениците.
Против враќањето на визите, меѓу другите, беше и министерот за надворешни Стеф Блок, според кој затегнувањето на визниот режим е несоодветно и ги комплицира односите со Албанија.