Холандската полиција денеска соопшти дека уништила 120 лаборатории за правење синтетичка дрога во првите 11 месеци од годинава, од кои 20 биле користени за производство на кристален метамфетамин.
За споредба, полицијата соопшти дека пронашла 15 лаборатории за кристален мет во истиот временски период во 2021 и 2022 година.
Иако предизвикува голема зависност, се верува дека кристалниот метамфетамин не го користат многу луѓе во Холандија и се повеќе се шверцува во други европски земји.
Трговците со дрога во Холандија се повеќе ги користат шверцерските канали воспоставени за дистрибуција на екстази за да шверцуваат кристален метамфетамин, изјави полицискиот претставник Андре ван Рајн за НОС.
Ван Рајн истакна дека цената на кристал метамфетамин од 7.500 евра за килограм е четири пати повисока од цената на екстази.
МИА