Холанѓаните сакаат да го колонизираат Марс до 2023 година

Некои луѓе не се задоволуваат само со фотографирање на површината на Марс. Некои луѓе сакаат да го постават своето знаме на црвената почва и да ја колонизараат планетата што е можно поскоро.

Тие луѓе се холандската компанија која стои зад проектот Mars One. Предводени од  Бас Лансдорп и Арно Вилдерс тие предложуваат основање на човечка колонија која ќе биде користена како медиумски спектакл кој ќе создаде неверојатен профит кој ќе ја започне нашата авантура во космосот.

Идејата зад овој проект е да се предизвика спектакл сличен на оној кој ги полнел весниците за време на населувањето на американскиот запад. И додека преселба на запад била неверојатно ризичен подвиг, тоа не било ништо во споредба со ризиците со кои луѓето би се соочиле на вакво патување.

{youtube}n4tgkyUBkbY{/youtube}

Роботи би биле испратени неколку години однапред за да подготвар живеалишта за колонистите. Штом тие завршат 4 астронаути трајно ќе се преселат на Марс. Да, токму така, трајно. По нивното пристигнување на планетата ќе поминат уште две години до пристигнувањето на уште двајца астронаути, по што тој циклус ќе се повторува на секои две години.

Единствениот проблем е што нема да можат да се вратат назад, нема да имаат болници, забава, ништо од животот на Земјата. Сепак, нема сомнение дека ќе има луѓе кои се подготвени да се откажат од сè за да учествуваат во ова реално шоу и да живеат на друга планета. [Mars One]

- Реклама -