За купување на земјоделско земјиште со новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште, инвеститорот ќе треба да достави и бизнис план за тоа како ќе го користи земјиштето. Доколку инвеститорот не се придржува до истиот, државата има право да го раскине договорот, објасни министерот за земјоделство Аријанит Хоџа во вечерашната „Топ тема“ на ТВ „Телма“, пренесува „Слободен печат“.
Како што истакна Хоџа, нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат.
Министерот објасни и дека законот предвидува и продажба на земјоделско земјиште за стратешки инвестиции кои ги одобрува Собранието.
„Стратешка инвестиција се применува Законот за стратешки инвестиции, тука се дава можност дека може да се употреби и земјоделско земјиште. Знаеме дека минимален износ за стратешка инвестиција е 30 милиони евра“, објасни Хоџа. Повеќе ТУКА.