Хобитон, Матамата, Нов Зеланд. Еден од најуспешните филмски трилогии Lord Of The Rings беше сниман во Нов Зеланд, чија богата природа нуди разновидност на различни предели. Хобитон беше направен за потребите за филмот. Меѓутоа, откако снимањето беше завршено некој добил идеја да се остави Хобитон селото како туристичка атракција. И тоа дефинитивно е добра идеја.
Филмот значително го зголеми туризмот во Нов Зеланд, а Хобитон е едно од омилените атракции на фановите на трилогијата. Посетителите се чуствуваат како вистински да се наоѓаат во филмот во Хобитон селото.
Зошто треба да се посети?
Дури и да не сте обожавател на Lord Of The Rings, Хобитон сепак е униканто место, кое не може да се најде на друго место на планетава.
Кога може да се оди таму?
Во секое време: времето е умерено низ целата година, без екстремни промени.
Како да стигнете таму?
Организирана тура до Матамата или Роутур.