Хит видео- Калиопи запеа на кинески јазик! (ВИДЕО)

Музичката ѕвезда сними малку поинаква верзија на песната „Црно и бело“, со која се претстави на Евровизија во 2012 година.

– Бев изненадена по Евровизија кога на YouTube слушнав како момче од Кина ја пее мојата песна на македонски јазик. Тој беше фантастичен, и солзи ми течеа низ лицето од радост- рече ѕвездата, а пренесува светската медиумска куќа „GB Times”.

Сепак, веднаш стави до знаење дека нејзиниот изговор на кинескиот јазик не е совршен.

– Не знам дали Кинезите ќе го критикуваат мојот изговор, но песната ја отпеав од срце. Беше голем предизвик, но и огромно задоволство- додава Калиопи.

- Реклама -