Фустанот е практично парче гардероба кое комплетно го решава вашиот изглед. Предлагаме неколку пролетни варијанти.
Диско фустан
Доколку сте излегле во диско или на некоја забава, сребрен фустан со карнери е полн погодок. За да може да танцувате цела ноќ одберете рамни балетанки.
Макси фустан
Макси фустаните со атрактивен дезен им одговараат на дамите кои сакаат да го сокријат долниот дел од телото. Тие се идеални за топлите денови, а во нив ќе се чувствувате опуштено и спремни за активностите во денот.
Миди фустан со пруги
Овие фустани се апсолутен хит оваа сезона. Во нив ќе изгледате елегантно, а оние со пруги најдобро им прилегаат на слабите девојки. Во овој фустан сте спремни за коктел забави.
Истакнат струк
Тесниот фустан ќе го истакне вашиот струк и комплетната линија на телото. Розовата боја е хит оваа пролет и затоа е вистински избор доколку сакате да бидете во тренд.
Ретро
Цветните фустани, кои наликуваат на оние од 60-тите се одличен избор. Лелеави и со изразено деколте одлично се комбинираат со сите видови чевли. Оваа комбинација прави да изгледате дамски.