Дедото на Обама, Стенли Данам имал големо влијание врз актуелниот претседател на САД.Тој и неговата сопруга Медлин практично го пораснале Обама на Хаваите.
И Барак Обама некогаш бил обично дете, а за тоа сведочи фотографијата на која што американскиот претседател е на плажа со својот дедо Стенли Данам. Фотографијата настанала кога Обама имал четири години.
Инаку, дедото на Обама имал големо влијание на актуелниот претседател на САД. Тој и неговата сопруга практично го пораснале Обама.
Дедото и бабата на Обама, од страна на мајка му, се родени во Канзас и живееле во четири држави, пред трајно да се преселат на Хаваите. Стенли Данам починал во 1992. година.