Хит филмови во 2014-та: „Ное“, „Спајдермен“, „Годзила“

Британскиот весник Гардијан ја состави листата од десет филмови кои највероватно ќе привлечат најголема гужва пред благајните во кината во 2014-та година.
На прво место е библискиот еп на Дарен Аронофски „Noah“(Ное). Главната улога ја игра Расел Кроу, одлучен да ја заштити својата сопруга (Ценифер Конели), посвоената ќерка (Ема Ватсон) и целиот животински свет, за што му е потребен огромен брод.

Британскиот режисер Гаред Едвардс кој се проби во 2010-та со филмот “Monsters” сега го прифатил проектот на снимање на филмот „Godzilla“.

Уште една библиска тема ќе биде во фокусот на новиот филм на Ридли Скот “Exodus”. Кристијан Бејл го глуми Мојсеј, Џоел Едгертон е Рамзес, а шпанската Алмерија ја игра Синајската гора.

Авторот на еротски романи Кенет Бран се одлучил за вистинска американска забава со сите пуканки и акција резервирани во филмот “Jack Ryan: Shadow Recruit”.Крис Рајан го игра Џек Рајан во новата филмска верзија на шпионскиот роман Том Кланси. Пред него Рајан го играле Алек Болдвин, Харисон Форд и Бен Афлек.

На големото платно доаѓа филмот “Pompei” каде игра ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон. Многу мускулести, голи момци, еден куп специјални ефекти и Клифер Сатерленд како лош сенатор гарантираат добра забава, пишува во листата.

Крис Еванс ја репризира својата улога на Капетан Америка во филмот “Captain America: Winter Soldier”, а од Марвел универзумот пристига уште еден филм- “Guardians of the Galaxy” каде Крис Прат ја предводи групата на невообичаени суперхерои, меѓу кои и ракун кој зборува (гласот на Бредли Купер) и дрво (Вин Дизел).

Франшизата “Transformers” добива продолжение “Transformers: Age of Extinction” во кој Марк Волберг игра самохран татко и пронаоѓач кој со помош на Оптимус Прајм и компанијата мораат да го уништат Decepticons.

И Спајдермен се враќа! Во вториот дел на новиот “Spajdermen” маскираниот јунак (Ендрју Гарфилд) мора да се справи со Рино (Пол Џамати) и Електрo (Џејми Фокс).

Последен на листата е продолжение на уште една франшиза- “X Men: Days of Future Past”. Овој пат учениците на Ксавиер „Школото за надарени“ го користат времепловот за да се потсетат себеси за иднината и така да го запрат злото кое се шири.

- Реклама -