Хистерија, солзи и радости во родното место на Даниел (ВИДЕО)

Исто како Леси, така  и Даниел Кајмакоски, победникот на првиот регионален “Икс фактор“, се врати дома.Тој беше пречекан  во родното село Мислешево, Струшко, како најголема ѕвезда.

-Благодарност за овој дочек, ова е еден од најемотивните момент. Имав повеќе трема да дојдам дома отколку на финалето на X фактор. Таму бев многу опуштен овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели, меѓу своите луѓе е навистина нешто посебно, изјави  на прес конференција Даниел Кајмакоски.

Имаше и врескање, плачење, но и паѓање во несвест.

„Нема да пеам за партии“

Кајмакоски вели дека во неговиот план за почетокот на кариерата за сега не стои настап на митинзите на некоја од партиите во Македонија. во кампања.

„Тоа за сега не стои во моите планови. Јас сакам повеќе Македонија да ја поддржувам со хуманитарни концерти, работи кои се добри за народот, за сите луѓе. Не сум добил се уште официјална понуда за пеење за некоја партија но мислам дека и нема да бидам тука. Примарно ми е сега да направам што повеќе и да заминам што подалеку и секогаш да кажам дека сум Македонец,“ рече Кајмакоски.

Во собата на Даниел

10149371_10201952707154419_1805128907_n

 

- Реклама -