HiddenRadio, идеален подарок за љубителите на музика

HiddenRadio е безжичен преносен звучник со уникатен дизајн кој можете да го „одвиткате“ секој пат кога ќе го користите.

Наместо традиционално копче за подесување на гласноста, кај HiddenRadio гласот се зголемува или намалува со вртење на надворешноста. Лесно е да се претпостави дека гласот се зголемува со откривање на поголем дел од звучникот.

Еден од креаторите на овој звучник Џон Ван Ден Ниувенуизен го нарекува HiddenRadio „наједноставен и најинтуитивен Bluetooth и радио звучник во светот“. Направата која изгледа како футуристичка конзерва и е достапна во три бои – бела, црна и сребрена која се совпаѓа со Mac лаптопи.

Кога првпат ќе го одвртите звучникот, HiddenRadio бара соодветни направи преку Bluetooth. Направата има и дискретен 3,5 милиметарски мини џек на дното за старомодните луѓе. Она што е најпривлечно кај HiddenRadio е одличниот дизајн, преносливоста и недостигот на кабли.

Но и покрај компактноста, направата страда од лош квалитет на звук. И иако направата може да создаде гласен звук, тој звук нема да биде ни блиску до квалитетот на традиционален звучник. Но ако сакате да гледате филмови и серии на вашиот лаптоп, HiddenRadio е совршена алтернатива за вградените звучници во вашиот лаптоп.

- Реклама -