Хезболах се закани дека Израел „со децении нема да закрепне од неговите напади“

На Израел ќе му требаат децении за да закрепне од нападите на Хезболах, изјави денеска во парламентот шефот на политичкото крило на либанската група, Мохамед Рад.

– Израелското општество се распаѓа и ги гледаме последните фази на наводно обединето општество, рече Рад.

Тој додаде дека операциите на Хезболах се насочени кон „заштита на националното достоинство и територијалниот интегритет на Либан“ и оти обидите на групата да му се спротивстави на Израел не се залудни, пренесе иранската агенција Мер.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -