Кевин Сорбо – актерот кој се прослави по улогата на Херкулес во познатата ТВ серија, е уште еден во низата на славни личности кои обвинуваат моќни и славни луѓе за сексуално злоставување. Сорбо, конкретно, се пожали на покојниот Џани Версаче.
Херкулес „блиската средба“ со Италијанецот ја имал на почетокот на 90-тите, додека работел како негов модел.
„Да, имам и јас своја приказна за сексуално вознемирување. Версаче сакаше да ме запознае, му се допаѓаше мојата висина (195 см). Ми рече дека има една висока италијанска манекенка и дека би било добро да ѝ се придружам на модните манифестации“.
Херкулес, меѓутоа, тогаш не ни помислувал дека Версаче и не е многу заинтересиран за тоа како ќе изгледа тој на модните писти, туку за нешто друго… Впрочем, таков си беше Херкулес и во серијата. Ви текнува колку пати го имаат очигледно наместено? А ти, 10-годишно дете, гледаш и се дереш пред телевизор „Не иди, бе, глуп! Стапица е!“.
Туку, да се вратиме на темата… А, да, вечерите со Версаче. Сорбо вели дека дизајнерот често го викал на вечери во својот дом во Мајами, и дека добро се сложувале. Сé до една вечер кога премногу добро се сложувале, или барем така помислил Џани.
„Дојдов во неговата вила и видов дека седи сам. Немаше никој освен нас… Штом седнав, неговата рака беше на моето колено…“
Херкулес бил шокиран.
„Еј, ти знаеш дека сум стрејт?“, му вратил на Версаче, а овој уште повеќе го зачудил со одговорот:
„Знам, и баш тоа и ми се допаѓа кај тебе. Ти си прав маж, а не пич*ица, ко другите. Во животот мора да изе*еш баш сé: куче, мачка, девојче, момче…“
На Сорбо не му се верувало што слуша, но од денешен аспект признава дека и покрај тоа останал да работи кај дизајнерот. Сепак, вели, останал без постојаниот ангажман што му бил ветен пред незгодната вечера во вилата на Мајами Бич.
„Тоа не ме изненади нешто посебно, бидејќи добро знаев како функционираат нештата. Валкани аудиции секогаш биле дел од играта. Мене од тоа ми се гадеше, не сакав да ја играм таа игра“.