Хемијата на бакнежот

Повеќе... Според студијата направена од истражувачите на Лафајет колеџот навистина постои извесна хемија помеѓу оние што се бакнуваат.

kissing_1291989f.jpgСпоред студијата направена од истражувачите на Лафајет колеџот навистина постои извесна хемија помеѓу оние што се бакнуваат.

Истражувањето, кое го следеше нивото на два хормони – окситоцин (познат како хормон кој влијае врз создавањето на социјалните врски односно чувството на блискост) и кортизолот (т.н. стрес хормон) кај 15 хетеросексуални парови пред и после бакнувањето покажа дека тоа е многу комплексно и предизвикува такви хормонални промени за какви досега не се претпоставуваше. „Обично мислиме на личноста која ја бакнуваме и како се чувствуваме тогаш, но во позадина се случуваат многу други нешта“ според професорката Венди Хил.

Тие други нешта за кои Хил зборува се нивото на хормони кои се вклучени и можноста дека плунката содржи фермони. Во истражувањето се покажа дека нивото на кортизол се намалува кај двата пола, но нивото на окситоцин се покачил само кај мажите, додека кај жените се намалил. Истражувачите веруваат дека тоа се должи на стерилната средина за тестирање на која жените веројатно се почувствителни од мажите и затоа во иднина ќе продолжат да тестираат во малку поромантична средина.

Или можеби не е се до опкружувањето, Susan Hughes, ко-автор на Половите разлики во романтичното бакнување, забележува дека: „Жените им даваат поголемо значење на здивот и забите кај личноста. Ова е показател за тоа колку една личност се грижи за себе и за својата хигиена, а жените се многу пребирливи на тој план“. 

Од друга страна, се покажа дека разменувањето на бактериите кои ги има во плунката го подобрува имунитетот кај оние што се бакнуваат. Научниците кои почнуваат да ја разбираат биохемијата на бакнувањето велат дека тајната состојка на добриот бакнеж е токму плунката која го зголемува сексуалниот нагон. Постои доказ дека плунката го содржи хормонот тестостерон и дека мажите сакаат повеќе „влажни“ бакнежи со што несвесно се обидуваат да го пренесат тестостеронот за да го стимулираат сексуалниот нагон кај жените.

Дали бакнежот има еволутивно значење за пронаоѓање на вистинскиот партнер е прашање со кое уште некое време ќе се позанимаваат научниците. Дотогаш бакнежот ќе биде само бакнеж… и тоа е доволно. [Science finds the secret of a hot kiss]

- Реклама -