Health care Ezra донира 100 градници и 100 протези на пациентките оперирани од  карцином на дојка

Здружението Езра и Еуропа Дона, денес во Скопје ќе донираат 100 градници и 100 протези на пациентките оперирани од  карцином на дојка.

Ова здружение е активно во борбата за подигнување на свеста за карциномот на дојка и за подобрување на условите за рана детекција и успешно лекување на сите дијагностицирани пациенти во земјава.

Само во 2023 година околу 1.200 лица новозаболени од рак на дојка се регистрирани во  земјава, што е висока стапка на заболување за разлика од соседните земји. Освен порастот на бројот на пациентки, се менува и старосната граница. Ако овој карцином порано беше најчест кај жените после 50-тата година, сега има заболени и на 20 годишна возраст. И официјалната статистика од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека лани имало поголем број на млади новозаболени пациенти, односно 168 пациенти се на возраст од 20 до 45-годишна возраст.

Главната причина за ваквата состојба, сметаат од здружението се нередовните прегледи и откривањето на карциномот во подоцнежна фаза кога лекувањето е потешко. За навремено да се откријат промените на дојките се препорачува секоја жена редовно да прави самопреглед, на 6 месеци ехо, а на една година мамограф и гинеколошките прегледи.

- Реклама -