HBO подготвува Rock&Roll серијал

Мик Џегер, Мартин Скорсезе и креаторот на “Boardwalk Empire” Теренс Винтер споро но сигурно работат на проект на HBO што звучи одлично.

Драмата е за Њуjоршката музичка сцена во доцните 70ти. Сега Deadline ни објавува дека во потенцијалната драма ќе се придружат Брајан Копелман и Дејвид Левиен, сценаристите на “Ocean’s Thirteen” и “The Girlfriend Experience” и режисерите на “Solitary Man” како продуценти.

Додека ненасловената серија не добие зелено светло, вработувањето на Копелман и Левиен секако звучи позитивно за серијата.

Винтер го има напишано пилот сценариото додека Скорсезе ќе го режира истото, како што направија во “Boardwalk Empire”. Канавејл, кој го играше агресивниот гангстер Гип Росети во минатата сезона на “Boardwalk Empire”, ќе игра во пилотот менаџер, зависник од кокаин кој ќе стане главен на една музичка продукција.

Проектот, кој е предвиден да почне да се снима во почетокот на 2014-та година, започна како сугестија до Скорсезе од страна на Мик Џегер да се направи “Казино” еквивалентен сет во музичката индустрија. Скорсезе го има режирано документарецот за Ролинг Стоунс “Shine a Light” во 2008 година.

[youtube]http://youtu.be/V2dGuxTsuxY[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -