Хаваи – од другата страна

Kamilo_Beach2_Courtesy_Algalita_dot_org[1]

На југоисточниот крај на островот Хаваи се наоѓа плажата Камило. Оваа по ништо не личи на останатите рајски плажи со кои Хавајските Острови се прочуени низ светот. Причината е што Камило е дестинација на која океанските струи од пацифичкиот северозапад носат секакво ѓубре.

Во минатото, плажата беше полна со големи откорнати стебла, исфрлени на брегот, кои локалните Хавајци ги собираа за од нив да прават кануа. Денес, наместо таа слика, по должината на плажата долга повеќе од километар и половина, се исфрлени купишта пластичен отпад.

3(2176)[1]

Хаваи се испречува на патот на North Pacific Gyre – голем океански тек кој се протега низ Тихиот Океан, меѓу Северна Америка и Јапонија. Ротациониот модел на течението наликува на спирала и привлекува отпад дури од другата страна на Северниот Пацифик (вклучувајќи ги крајбрежните води на Северна Америка и Јапонија), и го задржува во центарот, формирајќи го таканаречениот Great Pacific Garbage Patch. Речиси 90% од ова ѓубре е пластика.

2(2357)[1]

Спротивно на популарното мислење, купиштата ѓубре не се пловечки остров од остатоци, кој може да се види од сателитите или авион. Ова всушност е една огромна супа од пластика, која се состои од милиони мали парчиња кои се распаѓаат на уште помали честички. Тие потоа остануваат во водата веднаш под површината, скриени од очите на набљудувачот. Парчињата пластика стануваат видливи дури кога се исфрлени на брегот, на плажите на Хаваи.

4(1889)[1]

Хавајскиот архипелаг, кој се протега од островот Хаваи на запад па до Kure Atoll, во должина од речиси 2500 километри – практично делува како гигантски чешел чии запци го закачуваат отпадот што минува низ нив. Како што рековме, голем дел од него завршува на плажата Камило.

Последниве години во реонот се организирани неколку акции за чистење. На некои места купиштата ѓубре достигнуваат висина и од два до три метри. Секоја година, волонтерите чистат помеѓу 15 и 20 тони ѓубре од Камило и другите плажи кои се протегаат на 14 километри нагоре по крајбрежјето.

- Реклама -