Секој човек е приврзан кон своето родно место. Тоа како размислуваш, како чувствуваш, секогаш е поврзано со релјефот, со температурата, дури и со правецот на ветрот”, пишува светски познатиот јапонски писател Харуки Мураками во романот “Кафка на плажа”.
Еве неколку одлични цитати за културен почеток на неделата.
1. “Да ги сфаќаш работите премногу сериозно е сериозна загуба на време.”
2. “На овој свет нема такво нешто како што е погрешно мислење. Има само мислења кои не се совпаѓаат со вашите сопствени – тоа е сè.”
3. “Се што е изгубено – дури и она што исчезнува засекогаш – остава зад себе траги кои никогаш не можат да бидат избришани.”
4. “Ако секој на овој свет поверува дека конечно сè ќе заврши добро, нема да остане ништо од кое што ќе се плашиме.”
5. “Пролетта е време во годината кога е страшно убаво да започнеш нешто ново.”
6. “Колку и силно да се обидуваш да се спротиставиш, кога си болен – боли.”
7. “Бидете искрени едни со други и кога ви е потребно барајте помош – тоа е најважно.”
8. “Каква и да е празнината, таа кај сите ќе биде исполнета со нешто.”
9. “На човекот му е дадена надеж која тој ја користи како гориво за да продолжи да се движи напред. Без надеж “подоцна” не може да постои.”
10. “Нашата цел всушност се базира на бескрајната борба помеѓу она што всушност се случило, и она на кое што не сакаме да се сеќаваме.”
11. “Најважна на овој свет не е онаа голема и голема вистина која другите ја разбираат, туку онаа малата, до која си стигнал сам.”
12. “Најважното што го учиме на училиште е дека најважните работи не се учат таму.”
13. “Кога долго ќе се загледаш во морето, луѓето почнуваат да ти недостасуваат, а кога долго ги гледаш луѓето околу себе, почнуваш да тагуваш по морето.”
14. “Види од далеку, сè изгледа убаво.”
15. “Често се случува, најважните работи на овој свет да почнуваат како нешто сосема маргинално.”
16. “Да се движиш со сите сили во погрешна насока е полошо отколку воопшто да не се движиш.”
17. “Кога не ги споделуваш мислите со некој друг, твоите мисли почнуваат да се споделуваат меѓу себе.”
18. “Ако сè се случува токму на начинот на кој што ти сакаш, животот ќе стане крајно неинтересен.”
За возраста и годините
19. “Претходно мислев дека луѓето растат од година во година, некако постепено. Се испостави дека не е така. Човекот станува возрасен одеднаш.”
20. “Колку постар станува еден човек, толку поголемо место во неговиот живот зазема она што не одговара на вистината.”
21. “Спомените го греат човекот од внатре. И во исто време го демолираат на парчиња.”
22. “За жал часовникот отчукува, часовите се нижат. Минатото се зголемува, иднината се намалува. Можностити има сè помалку, сожалувања – сè повеќе.”
23. “Изгубени можности, потрошени шанси, чувства што никогаш нема да се вратат. Сето ова е дел од чувството да си жив.”
За љубовта
24. “Свет без љубов – тоа е како ветар од другата страна на прозорецот. Ништо не го допира, ништо не му вдахнува живот.”
25. “Кога се прегрнуваме ние ги споделуваме меѓу себе стравовите.”
26. “Неопходно е да им дозволуваш на чувствата да излегуваат од тебе. Станува полошо ако не го правиш тоа. Тогаш тие се акумулираат и закоравуваат. Најпосле – умираат.”