Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска побарал од државниот секретар на Ватикан – кардиналот Пјетро Паролин, Светата столица да го признае Косово.
Харадинај на Фејсбук напиша дека Косово е посветено на унапредување на партнерството и меѓудржавните односи со Ватикан:
„Косово и неговиот народ со векови беа сведоци на западните вредности и денес се посветени на зачувување на мирот, стабилноста и верските слободи во земјата. Исто така ја му ја изразив оваа посветеност и на државниот секретар Паролин, изразувајќи ја нашата посветеност кон унапредувањето на ова партнерство и истовремено барајќи признавање од Светата столица“.
Од саботата Паролин е во посета на Косово.