Користејќи материјали од стари филмски архиви, стари фотографии и интернет, Бил Домонкос експериментира со комбинирање на дигитална технологија, специјални ефекти и анимација, а резултатот – хипнотични и по малку морничави, но воодушевувачки гиф анимации.
Преку дуалноста и апсурдот, Бил им дава нов живот на старите и обични фотографии, го спојува неспоивото, не поведува во сосема нови правци и „налик на сон“ светови во кои се трансформираат материјали, искуства и идеи.
„Најголемата моќ на визуелното е да го долови она што не може да се искаже преку зборови“ – смета Бил, а овој став просто зрачи од неговите дела.
Погледнете и сами: