„Едно решение – револуција“ и „Чии се улиците – наши се“, извикуваа демонстрантите од кои многумина носеа бели маски кои ја симболизираат меѓународната мрежа „Анонимуси“.
Илјада активисти кои се собраа во центарот во Лондон за да учевствуваат во антикапиталистичките демонстрации „Марш на милион маски“ влегоа во конфликт со полицијата.
Демонстрантите фрлаа петарди и шишиња на полицајците и неколку демонстранти се здобија со повреди.
Тројца мажи беа уапсени за „сомнително однесување“ и утврдено е дека имале ножеви и димни гранати, соопшти лондонската полиција.
Некои демонстранти трчале и кршеле прозорци, правејќи вистински хаос во британската престолнина.
Според мерките што ги примени полицијата, демонстрантите требало да бидат ограничени на одредени области во центарот на Лондон и од нив се барало да ги ттргнат своите маски, доколку побара полицијата.