Научници од Универзитетот од Хал откриле дека некои луѓе се способни да халуционираат бои по желба – дури и без помош од хипноза. Студијата, објавена оваа недела, била одржана на Одделот за Психологија од Универзитетот од Хал. Таа се фокусирала на група луѓе кои се покажале како високо подложни на хипноза.
Од доброволците било побарано да гледаат во серија монохроми шаблони и да видат бои во нив. Тие биле тестирана под влијание на хипноза и без хипноза и двата пати кажале дека гледале бои. Реакциите на шаблоните биле набљудувани и со помош на магнетна резонанса, што им овозможило на истражувачите да внимаваат на разликите во мозочна активности помеѓу сугестибилни и несугестибилни лица.
Резултатите на истражувањето, покажале значајни промени во мозочната активност во регионите од мозокот одговорни за визуелна перцепција само кај сугестибилните лица. Професорот Џулиана Мацони, главен истражувач во проектот изјавила: „Ова се навистина талентирани луѓе. Тие можат да ја променат својата перцепција и искуствата од животот на начин кој останатите не можеме.“ Способноста за промена на искуствата по желба може да биде навистина корисна.
Истражувањето покажало дека хипнотички сугестии можат да бидат употребени за блокирање на болка и зголемување на ефективноста на психотерапија. Отсекогаш се претпоставувало дека хипнозата е потребна за да дојде до овие ефекти, но новата студија наложува дека ова не е е вистина. Иако хипнозата навидум ја зголемува способноста на субјектот за гледање бои, но сугестибилните субјекти исто така можеле да гледаат бои и да ја променат нивната мозочна активност дури и без помош од хипноза.
Магнетната резонанса исто така јасно покажала дека иако не било потребно субјектите да бидат хипнотизирани за да гледаат бои во тестовите, хипнозата ја зголемувала способноста на субјектите да ги искусат овие ефекти. Доктор Вилијам Мекгеон, кој исто така придонел кон студијата, рекол: „Многу луѓе се плашат од хипноза иако е навистина ефективна во помагањето со одредени медицински интервенции, особено со контролирање на болка. Работата која ја изврушувавме покажува дека одредени луѓе можат да имаат придобивки од сугестии без потреба од хипноза.“
Студијата, која делумно била финансирана од BBC, користела контролна група составена од помалку сугестибилни луѓе, или луѓе кои имале помали шанси да реагираат на хипноза. Било откриено дека оваа група од луѓе не можеле да халуцинират бои и, повторно, објавените резултатите биле подржани со скенови од магнетна резонанса. [New research proves color is not a black and white issue]