Веб платформата rezultati.sec.mk од првото објавување на првични резултати е падната и тоа, очигледно, не е случајно. Тоа го навести и претседателот на Државната изборна комисија – Оливер Дерковски, кој рече дека платформата веројатно е мета на надворешни хакерски напади.
Нападнат беше и агрегаторот „Тајм.мк“, а за тоа извести самиот администратор на сајтот – Игор Трајковски, на неговиот Твитер профил. Како што рече тој, агрегаторот бил под DDOS напад.
Тој додаде дека блокирани се милиони IP адреси и дека ваков напад досега немало:
„Ваков DDOS до сега не сме имале. Некој фрлил многу пари да го прави ова“, напиша тој. Во меѓувреме, како што може да се види од неговите твитови, нападот продолжува, а пред околу 1 часа Трајковски соопшти дека биле блокирани 20 милиони адреси!
„Што правеле овие, го купиле цел dark web.
500MBit/sec има income traffic“, гласи последниот негов твит.
Во меѓувреме, меѓутоа, агрегаторот Тime.mk целосно потклекна на нападот, а доказ за тоа е што на негово место до пред неколку минути ве дочекуваше следнава слика:
Хакерите, како што може да се види, се претставуваат како дел од групата „Анонимус“, а имаат и неколку пораки:
„ЗАСЛУЖУВАМЕ Сѐ ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА, И ПОВЕЌЕ. ДОСТА КВИЧИТЕ ВИЕ ВАЛКАНИ СЕЛАНИ, ОВА САМИТЕ СИ ГО НАПРАВИВТЕ СО ТОА ШТО МОЛЧЕВТЕ СЕТО ОВА ВРЕМЕ. ЗАТОА, РАЗБУДЕТЕ СЕ, ЛУЃЕ, РАЗБУДЕТЕ СЕ И ПОМИРИСАЈТЕ ЈА ПЕПЕЛТА“, се вели во најавата напишана на англиски, по што е наведен слоганот на хакерската група „Анонимус“ – „НЕ ПРОСТУВАМЕ. НЕ ЗАБОРАВАМЕ. ОЧЕКУВАЈТЕ Нѐ“.
Понатаму, пишува на македонски:
Во делот на крајот, се чини, хакерите испраќаат порака до администраторот на Time.mk.
Во овие моменти, се чини, сајтот е повторно во функција.