Хајди Клум се сомнева дека има коронавирус, повикала двајца лекари, но безуспешно

Светскиот топ модел Хајди Клум се сомнева дека е заразена со коронавирус. Манекенката рекла дека безуспешно се обидела да се тестира кај двајца лекари.

Хајди во видео објавено на Инстаграм вели дека се разболела на снимањето на емисијата „Америка има талент“, во која е еден од членовите на жирито.

– Здраво на сите, само сакам да ви кажм зошто ме нема на снимањето на емисијата „Америка има талент“. Сѐ почна со настина, температура, кашлање, течење од носот. Едноставно не се чувствувам добро, затоа останав дома, за да не заразам некого – рекла Хајди од креветот и продолжила:

„Се надевам дека е само настинка, би сакала да направам тест на корона, но тука едноставно ги нема. Се обидов кај двајца различни лекари, но едноставно не можам да добијам ниту еден. Останете безбедни, останете дома, ако не се чувствувате добро – заклучила манекенката.

- Реклама -