На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности викендов се одржува ХАЈ-ФАЈ филмски викенд во склоп на кој ќе се прикажуваат кратки студентски филмови на студенти од Србија, Косово, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
„Гостите ќе ги запознаеме со локалните филмски фестивали, а актуелните средношколци со овогодишните уписи за филмска режија, снимање и монтажа. Направивме селекција од 11 филмови кои ќе бидат проследени со Q&A сесии и музичка програма. Победникот на ХАЈ-ФАЈ ќе влезе во официјалната селекција на осмото издание на Drim Short Film Festival„, велат од ФДУ.
Влезот за сите настани е слободен.