Гугл патентира направа за вадење крв без игли

Компанијата Гугл поднесе барање за патент “needle-free blood draw”, односно за систем за вадење на крв без игли. Според првичните информации уредот ќе се носи на раката како часовник или алка.

ggg

Најновиот производ од областа на медицината ќе работи на принципот на испраќање на гас од мало буренце со кое се пробива кожата. Кога крвта ќе се ослободи таа ќе биде пренесена во друго такво.

Системот за вадење на крв без игла може да се користи само за земање на мали количини крв, на пример за мерење на шеќер во крвта.

ggg1

Најновата технологија е наменета да им помогне на луѓето кои се заболени од дијабетис. Покрај ова Гугл на големо работи и на други два производи кои се исто дизајнирани за да им помогнат на дијабетичарите во следење на нивната состојба – паметни контактни леќи.

Според податоците на Светската здравствена организација околу 9 проценти од возрасните луже живеат со дијабестис, болест од која само во 2015 година починаа 1,5 милиони луѓе во светот.

- Реклама -