Гугл објави што најмногу се пребарувало во секоја земја, но не и за Македонија

Најпопуларниот интернет пребарувач Гугл ги објави годишните податоци за најпребаруваните поими, настани и филмови за секоја држава од изминатата година, но како и досега, недостасуваат конкретни податоци за Македонија.

Така податоците покажуваат дека во Србија граѓаните најмногу се интересирале за Еуро 2024, Олимписките игри, Теја Дора, дербито Звезда – Партизан и за хеви метал бендот Рамштајн, а во Хрватска исто така најмногу се пребарувало за Еуро 2024, по што следуваат хрватската Државна изборна комисија, Бејби Лазања, и фудбалските натпревари Хрватска – Италија и Хрватска – Албанија.  Еуро 2024 е најпребарувано и во Бугарија и во Грција.

Не е јасно зошто во објавените податоци нема резултати за пребарувањето на Македонците, но од тоа што може да се забележи на Google Trends, во Македонија најмногу се пребарувало за македонската фудбалска репрезентација, ЕУ, како и за популацијата во земјава.

Во последниве седум дена најпребарувани се содржините за ситуациајта во Сирија, како и за Артан Груби, кој вчера беше поставен на црната листа на САД.

Прочитајте и:  Google го претстави новиот квантен компјутерски чип „Willow“

- Реклама -